Претседателот Хоџа се сретна со претставници на УЈИЕ
На средбата присутни беа г-дин. Лумни Ајвази, Раководител на Центарот за Развој на Бизнисот, при овој Универзитет, Проф.Др. Мирољуб Шукаров, Проректор за Претприемништво и Планирање, Проф. Норберт Маркс, Раководител на Програмата за Интегрирани Студии преку пракса.
Професорот Маркс, Советник за Интегрирани Студии, го извести Претседателот Хоџа, за програмите кој ги нуди овој департамент, придобивките од истите, како за студентите, така и за компаниите членки на СКСЗМ, со оглед на тоа дека главно овие програми се насочени повеќе кон практиката а помалку кон теоријата.
Претседателот Хоџа, нагласи дека бизнис комунитетот треба повеќе да биде инволвиран во структурите на Универзитетите, со цел да се создаде една појака врска помеѓу пазарот на труд и институциите.
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, континуирано соработува со овој Универзитет и Центрите кои функционираат при истиот. Секако дека нашата соработка и проекти ќе продоложи и во иднина, со иницијативи и програми од заеднички интерес, кои многу брзо ќе бидат познати за јавноста – нагласи Хоџа.
Comments are closed.