Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г-дин Неби Хоџа, учествува во Енергетскиот Форум на Југоисточна Европа кој се одржув

Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г-дин Неби Хоџа, учествува во Енергетскиот форум на Југоисточна Европа кој се одржува во Солун на 7-ми Септември, 2018.

Енергетскиот форум на Југоисточна Европа ќе ги собере клучните креатори на политики, регулатори, врвни пазарни играчи, финансиери, академици и експерти за да ги презентираат и дискутираат единствените согледувања за најновите теми во динамичното енергетско поле во Грција и поширокиот регион. Ова е една многу добра можност за СКСЗМ да ги искаже своите ставови и за овие области на бизнисот.

Меѓу темите кои бидат презентирани и дискутирани се: геостратешки и геополитички размислувања во врска со енергијата во ЈИ Европа, важноста на развојот на генерален план за енергија за регионот на ЈИ Европа ,иднината на природниот гас во Југоисточна Европа – Интерконекции, терминали и ЛНГ, клучната улога на нафтената индустрија во обликувањето на економиите на ЈИ Европа, стратегии за обновлива енергија за одржлив развој, електроенергетскиот систем за наредните децении, регионални сојузи и соработка.