Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија г-дин Неби Хоџа, заедно со делегација од Комората присуствуваат на Фестивалот на Иновацијата во Тирана
Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија г-дин Неби Хоџа, заедно со делегација од Комората присуствуваат на Фестивалот на Иновацијата кој се оддржува во Тирана од 16-18 Септември.
Глобализацијата го поттикнува растот на конкуренцијата. На глобалниот пазар се појавуваат нови конкуренти, но и одлични можности за да влезат на глобалните пазари, поттикнувајќи го развојот на потребното знаење за да создадат одржливи конкурентски предности, а тоа е можно преку континуирани иновации што може да се постигнат со различни стимулации на компанијата. СКСЗМ се стреми кон користењето на домашниот потенцијал на претприемништвото во областа на информатиката, телекомуникациите и најмодерната технологијата користејќи иновативни идеи.
СКСЗМ во соработка со Стопанската Комора на Тирана преку организирање, промоција и заштита на деловните интереси во нашите земји, покрај предизвиците на глобалната конкуренција, постојано вложуваме напори да го промовираме претприемништвото, иновациите, конкуренцијата, што несомнено влијае врз поттикот и развојот на економијата на нашите земји.