Претседателот на СКСЗМ повикува за намалување на сивата економија и решавање на проблемот со работната сила, како предуслов за Европска интеграција
Претседателот на СКСЗМ на покана на Министерот за Финансии на Република Северна Македонија, др. Фатмир Бесими, беше панелист на третата годишна меѓународна конференција насловена „Европа -Да, Европа-Сега“, која се одржа под покровителство на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ).
На оваа Конференција присуствуваа владини претставници од земјата и регионот, дипломати, претставници од бизнис секторот, итн.
Претседателот Ќура присуствуваше на четвртиот панел на тема „ГЛОБАЛНИ ТРЕНДОВИ И БИЗНИС МОЖНОСТИ“, кој истакна дека ставот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е дека приоритет треба да се даде на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Една од стратешките цели на СКСЗМ е формализирање на сивата економија, како клучен столб кој помага во подготовката и интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, која истовремено допринесува во создавање на постабилна, конкурентна и фер економија за сите граѓани и бизниси во земјава. Според последните извештаи, Северна Македонија треба многу да се работи во овој аспект, бидејќи истата ги спречува компаниите да достигнат задоволително ниво на конкурентност.
Меѓу другото, тој истакна дека меѓу клучните проблеми со кои се соочуваме како држава и за кои комората постојано го крева гласот е работната сила, која претставува темел на секоја економија без разлика на технолошкото ниво на индустријата или дигитализацијата.
„Високата стапка на корупција, многу ниската ефикасност на институциите кои не го докажуваат својот капацитет ниту за реализација на капитални инвестиции, а во меѓувреме, политички целиме да постигнеме членство во ЕУ, не прави да изгледаме уште по парадоксално отколку што сме. “ – истакна претседателот Ќура.
Меѓутоа, Северна Македонија постигна значителен напредок на патот кон членството во ЕУ, а ние како Комора сме посветени на поддршка на бизнисите во нашата земја кон ова трансформативно патување.