Претседателот на СКСЗМ на дебата во ДТУ: политичката и економската криза
31 Мај 2016 – Претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа денес учествуваше на дебата организирана од страна на Тетовскиот Универзитет, во врска со политичката криза и последните економски случувања во Република Македонија.
На настанот поздравен говор имаа Деканот на Економскиот Факултет Доц.Др. Раман Исмаили, Министерот за Економија Дритон Кучи и претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.
Во својот поздравен говор претседателот Хоџа истакна дека како комора која цели кон заштита на интересите на бизнис заедницата, ние не можеме да бидеме индиферентни кон актуалните политички процеси кои влијаат врз работата на нашите компании членки.
На оваа дебата дискутираа експерти од различни области за политичката криза од теоретски и практичен аспект, со цел да се минимизираат последиците од актуелната економска криза.
Comments are closed.