Претседателот на СКСЗМ Мендерес Кучи се сретна со Премиерот Иса Мустафа
Претседателот на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, г-дин.Мендерес Кучи, во име на делегацијата и на име на членството на СКСЗМ, му честита на Премиерот за новата функција и му посака успешна работа. Истовремено, Претседателот Кучи ја презентираше целта и очекувањата на ова делегација од Премиерот и новата Влада, во однос на застојот во трговската размена во последниот период како и општата соработка на Македонија и Косово во полето на инфраструктурата и слободниот тек на стока и луѓе. Тој, посебен нагласок ставаше во позитивната бизнис клима што постои помеѓу Македонија и Косово.
Во продолжение и останатите присутни во средбата, претставници од Албанија, го охрабрија Премиерот политиките да се спроведат во насока на зајакнување на производниот и земјоделскиот сектор, а од друга страна претставници од Прешевскта Долина ги потенцираа тешкотиите со кои се соочуваат бизнисите од овој регион. Тие, истовремено изразија задоволство што овој пат Владата ќе биде предводена од економист кој ќе знае да ги унапреди добрите односи во иднина. Амбасадорот на IHRC, г-дин.Хамза Мерџани изрази подготвеност да лобира, како за признавањето на Косово од страна на земјите кои уште не го направиле тоа, како и за привлекување на странските инвеститори.
На крај, Премиерот Иса Мустафа посебен нагласок ставаше на владината агенда, која ја таргетирала особено приватниот сектор, имајчи предвид дека бизнисот е катализатор на растот и развојот на земјата. Тој истакна, дека токму преку овие состаноци се цели да се препознаваат тешкотиите и слабостите со кои се соочуваат бизнисите, затоа според него средби од овој вид ќе ги има почесто во иднина.
Comments are closed.