Претседателот на СКСЗМ е дел од вториот панел организиран од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендраовски
Претседателот на СКСЗМ е дел од вториот панел организиран од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендраовски.
Темата на дискусија беше “Поврзување на бизнисите со иновациите и технолошкиот развој преку образование и образовни политики”
Претседателот на СКСЗМ истакна дека во оваа насока стопанските комори имаат важна улога. Тие можат да помогнат во координирање на бизнисите со останатите образовни институции за да обезбедат пристап до образовни програми и обука за технологија и иновации.
Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнисите во Северна Македонија е недостатокот на квалификувани и оспосебени работници во поглед на технологијата и иновациите.
Истовремено, мора да направиме повеќе за да ја запреме миграцијата на младите во Македонија и регионот.Нашите млади луѓе се скапоцен ресурс од аспект на нивниот технолошки и иновациски потенцијал и тие мора да останат во земјата за да работат и да помогнат во економскиот раст и градењето на подобра социјална иднина на земјата. За да го направиме ова, мора да креираме нови политики кои поттикнуваат инвестиции во технолошкиот и иновацискиот сектор, како и да обезбедиме добри услови за работа и можности за развој за младите луѓе, и во оваа насока бизнисите треба да имаат поголема улога во обуката на младите за технички и иновативни вештини.Тие можат да развијат програми за обука за младите луѓе и своите работници, како и да создадат можности за вработување и да ги унапредат своите работници во бизнисот.
Стопанската комора на Северо- Западна Македонија продолжува да биде партнер на институциите во напорите за надминување на предизвиците и проблемите предизвикани од недостатоците на нашата земја и економија.