Претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа учесник на Економскиот Форум во Венеција.
Во организација на АПИ-НОРДЕСТ се одржа Економскиот форум во Венеција каде гостин беше претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа, високи владини претставници и други претставници од бизнис заедницата.
Според Заводот за статистика, Италија е меѓу десетте најголеми трговски партнери на Северна Македонија, па целта на средбата беше да се зголеми економската соработка меѓу двете земји и можноста за инвестирање во РСМ.
Покрај зајакнувањето на добрите деловни односи, ние како Комора треба заеднички да работиме на намалување на трговските нееднаквости и да ги поттикнеме компаниите за партнерства и меѓусебна соработка, исто така неопходно е да се разгледа можноста за намалување на царинските давачки кои се доста високи за производите од кои увезуваме од Италија – истакна меѓу другот г. Хоџа.
Промовирањето и унапредувањето на интересите на бизнис заедницата во земјата и во странство останува еден од приоритетите на СКСЗМ и секогаш ја промовира меѓудржавната соработка на регионално ниво и пошироко.