Претседателот на СКСЗМ г. Менди Ќура панелист на годишната конференција за децентрализација и локално управување

Претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќура беше панелист на годишната конференција за децентрализација и локално управување, која беше организирана од страна на УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа.
Како панелист на тема „Врските помеѓу бизнисот и локалниот економски развој“ – г. Ќура нагласи дека подготвеноста на Владата редовно да седнува на маса со нас како бизнис заедница покажува дека има позитивно движење во таа насока и е за поздравување, но цениме дека само тоа не е доволно, на нашата земја и недостасува стратегија која ќе го одреди правецот и траекторијата на државата преку која ќе ги постигнеме нашите економски цели. Недостигот на истото е главниот проблем на она што го имаме во недостиг на ефикасност во јавниот приватен дијалог, но и со локалната власт, поточно општините.
Меѓу другото, тој напомена дека нерамномерниот регионален развој е значаен проблем за нашата земја, за кој не се прави многу од владата. Во време на многу предизвици и жестока глобална конкуренција, развојот на локалната економија е нешто што мора да се случи во наредниот период, за да и овозможиме на нашата економија да се соочи со конкуренцијата која сигурно ќе се зголеми, особено во нашето евентуално врамување во Европската Унија. .
Комората е промотор на локалниот економски развој, кој се заснова на стратешките определби на СКСЗМ, а особено на хоризонталната определба која има за цел рамноправен регионален развој.