Претседателот на СКСЗМ г. Менди Ќура беше гостин во Трговско-индустриска комора на Косово на коктел за крајот на годината.
Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г. Менди Ќура истакна дека коректната соработка несомнено ќе продолжи и во наредните години со Трговско-Индустриска Комора на Косово, оценувајќи ја како еден од регионалните стратешки партнери.
Исто така, треба да се истакне дека на Регионалната конференција „Промоција на регионални инвестиции“ финансирана од WBF, а организирана во соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, беше промовирана промоцијата на регионалните инвестиции, Се разговараше важноста на образованието и стручното усовршување, за поврзувањето на младите со пазарот на трудот, за тоа што Косово и земјите од регионот нудат за инвеститорите, како и за предизвиците на Стопанските комори за поддршка на бизнисите. Оваа конференција беше добра можност за проширување на соработката меѓу локалните и регионалните бизниси.
СКСЗМ отсекогаш ги вреднувал соработките од кои може да има корист бизнис заедницата, но и економијата на државата воопшто.