Претседателот на СКСЗМ, г-дин. Qyra поканет на Неделата кариера на МБУ – Повикува за зајакнување на соработката меѓу образовните институции и бизнисот за да се превентира иселувањето на младите

Претседателот Qyra и извршнниот директор на СКСЗМ беа поканети на свеченото отворање на настанот „Недела на Kариера“, организирана од Меѓународниот Балкански Универзитет. Овој настан има за цел да обезбеди платформа за студентите да ги истражуваат можностите за вработување преку поврзување со локални компании кои нудат  вработување и практична работа.

Тој изјави дека образовните институции и бизнисите се два главни столба за светла иднина и дека со конкретни предлози и барања до државните институции, ќе придонесиме за спречување на иселувањето.

„СКСЗМ веќе една година работи во врска со човечките ресурси во дефицитна рамка за слободниот пазар на трудот и тука треба да се спомне дека активното население изнесува околу 790 илјади  лица, од кои 680 илјади се во редовен работен однос, додека околу 103 илјади се пеијавени во Агенцијата за вработување како активни лица кои бараат работа, додека бизнис секторот бара околу 25 илјади работници“, истакна Претседателот Qyrа. Меѓу другото, тој рече дека минималната плата треба да се зголеми на ниво од 30.000 денари, а државата да не ги зголемува придонесите, но да ги намали на 32% од нето платата.

Исто така, тој истакна дека треба да се зголеми работната ефикасност на работната сила за да се создаде уште поголема можност за зголемување на придобивките за нив од приватниот сектор.

Комората бара проактивност од релевантните фактори кои влијаат на иселувањето на новодипломираните студенти, кои се градат и професионално растат во странство, попречувајќи го развојот на својата земја.

На овој настан беа присутни и многу компании-членки на СКСЗМ, како што се: Даути Комерц, Шпаркасе Банка, Slice, БЕ-ДА Логистик, Халк Банка, ЕВН и Малиќи Груп, НЛБ Банка.