Претседателот на СКСЗМ го пречека амбасадорот на Република Македонија во Канада г-дин Тони Димовски
На средбата посебен нагласок беше ставен на трговскта размена помеѓу двете земји, мерките кои треба да се превземат со цел подобрување на ситуацијата, бидејќи постоечкиот потенцијал мора да се става во функција.
Статистиките зборуваат дека Македонија и Канада имаат многу слаба трговска размена, претежно извоз на тутун во Канада.
Претседателот Кучи, сугерираше дека најважните прашања на кои треба да им посвети внимание новименуваниот амбасадор се потпишувањето на билатерални договори помеѓу двете земји од сферата на економијата, намалување на бариерите за извоз на стоки, претставување на нашата замја како поволна дестинација за инвестирање итн. Тој исто так истакна дека добрите односи со Канада подразбират добри односи и со НАТО, кои ќе и помогнат на Македонија што побрзо да се приклучи на Североатланската Алијанса и поголем прилив на инвестиции.
Димовски од друга страна изрази подготвеност за подобрување на трговската размена помеѓу двете земји преку интенсификување на заедничките форуми, каде што ќе се сретнат домашните компании со кандаските. Тој се обврза да ја претстави Македонија на најдобро светло, пренесувајќи ја поволната клима за инвестирање во Македонија.
Кучи истакна дека бизнисот е тој кој може да ја претстави поволната клима во нашата земја, затоа според него дел од секоја делегација на нашата земја, треба да биде токму бизнис заедницата.
Тој му честита на г-дин.Димовски за мандатот и му посака успешно работење во неговиот дипломатски престој во Канада.
Comments are closed.