Претседателот Менди Ќура, поканет на Претседателот Стево Пендаровски, го возобновија Клубот на одговорни бизниси во РСМ

На 15.09.2023, петок – Претседателот Ќура заедно со голем број членови на СКСЗМ беа дел од настанот за возобновување на Клубот на одговорни бизниси, поддржан од претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Претседателот Ќура во својот говор ја истакна важноста на компаниите кои придонесуваат за општеството и се причина за радикални промени за доброто на општеството.
Претседателот Ќура ја изрази својата чест и задоволство што ги претставува бизнисите членки на СКСЗМ кои имаат социјална и корпоративна одговорност, бизниси кои придонесуваат за општеството и носат промени за благосостојбата на општеството и економијата во земјата.
„Важноста на филантропијата не може да се прецени, бидејќи таа служи како витален катализатор за позитивни промени во нашата земја. Преку љубезноста на нашите компании, сведоци сме на извонредни напори за трансформации во различни сегменти во нашето општество, како што се здравството, образованието и слично, истакна во својот говор претседателот Ќура.
На овој настан, кој воедно е активност на Проектот поддржан од УСАИД и имплементиран од здружението Конект “Партнерства за донирање„, имаше големо учество на членовите на СКСЗМ, со што се испрати порака дека покрај директното влијание врз општеството преку создавањето на работни места, членките на СКСЗМ придонесуваат на различни начини за општеството, било преку примена на зелени практики, донации, филантропски активности, како и преку инвестирање и поддршка на спортот како важен сегмент од општествениот и културниот развој.