Претседателот Кучи дел од економскиот панел на Тематскиот Конгрес на ДУИ
На овој дводневен Тематски Конгрес, организиран од страна на ДУИ, се дискутираше за економските прашања на земјата, кои исто како и Евроинтеграциите се во фокусот на приоритети на Репбулика Македонија, како држава која цели да стане дел од големето семејство на Европска Унија.
Активен дел од Економскиот Панел, беа Претседателот на СКСЗМ, Мендерес Кучи, Антони Пешев од Стопанска Комора на Македонија, Данела Арсовска од Сојузот на Стопански Комори, Ерхард Бусек, Специјален координатор на “Пактот за стабилност на Југо-Источна Европа”, како и министри од редовите на ДУИ, на чело на државните ресори.
Панелот беше отворен од страна на Вицепремиерот за Евроинтеграции, Фатмир Бесими, кој меѓу другото и се заблагодари на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, за придонесот даден во овие десет години постоење, посебно истакнувајќи го и придонесот за организирање на овој Економски Панел.
Од друга страна, Претседателот на СКСЗМ, Мендерес Кучи, ја истакна улогата на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во поставувањето на нови стандарди во насока на политики кои имаат за цел да потикнат економски раст и благосостојба.
Меѓу другото, тој изрази благодарност до ДУИ, за хармонизирање на нејзината економска платформа со платформата на СКСЗМ и заедно работа за унапредување на економската благосостојба во земјата.
Одекот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е единствен и секогаш им претходел на извештаите на Европската Комисија, произлегувајќи секогаш со заеднички заклучоци, дека земјата треба да работи повеќе на правниот систем, на транспарентноста на трошење на јавните средства, на растот на капацитетите на компаниите, на начин со кој они ќе станат поконкурентни, на пазарот на ЕУ, итн.
Невработеноста во нашата земја е три пати повисока, споредено со земјите на Европската Унија, што значи дека ние треба да работиме многу во ова насока, за да не оназадуваме толку многу, истакна Кучи.
Дополнително, тој истакна дека поставената рамка од 20%, треба да се разгледува, затоа што е дојдено време да се работи врз база на приоритети, а на врз база на одредени политики и во овој дел тој побара посебно внимание да и се придаде на Северо-Западниот дел, регион во кој има најмал прилив на инвестиции и најмалку буџетски средства.
Овој Тематски Конгрес, беше оценет како многу корисен и погоден, особено во ваков период на турбуленции во политичката сфера на земјата. Со своето присуство и придонес, Конгресот го почестија Даниел Сервер – Поранешен американски дипломат, раководител на Институтот за мир и Центарот за трансатлантски односи, Универзитетски професор, Питер Фејт – поранешниот специјален претставник на Лорд Робертсон (НАТО) за конфиктот во Македонија, Ерван Фуере – Поранешен амбасадор на ЕУ во Скопје, Александрос Малиас – поранешен грчки амбасадор во Скопје и Вашингтон, Никол Топервиен – универзитетски професор од Швајцарија, Волфганг Гросрук – поранешниот австриски пратеник, поранешен претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, претседател на Здружението на австриско-албанското пријателство, Енвер Хоџај – Претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Косово и поранешниот министер за надворешни работи на Косово, и многу други.
СКСЗМ, како и секогаш поддржува настани кои поттикнуваат дебата, кои дискутираат за одредени феномени на општеството и кои можат да бидат фактор за подобрување на економската ситуација во земјата и пошироко.
Comments are closed.