Претприемач на годината 2014
Настанот Претприемач на годината се организира тредиционално веќе осум години по ред под водство на Сојузот на Стопански Комори, Стопанската Комора на Северозападна Македонија и Македонската Фондација за развој на претпријатијата. Ова година покровители на настанот беа Министерството за Економија, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење и главниот спонзор Штедилницата Можности.
Комапниите кои се натпреваруваа меќу себе беа поделени на две категории, односно класификацијата ги вклучување микро и малите претпријатија. Во Македонија по четврти пат беше спроведено истражување за претприемништвото според методологијата на ГЕМ– Global Entrepreneurship Monitor. Критериумите за избор на најдобрите претпримачи беа реализираната добивка, годишниот обрт, иновациите направени од компаниите од технолошки аспект и компаниите кои покажале највисок раст во последните три години.
Манифестацијата ја отвори Министерот за Економија г-дин.Беким Незири, а понатаму се обратија и главниот извршен директор на ССК, г-ѓа.Данела Арсовска, Извршниот директор на МРФП, г-ѓа.Татјана Лазаревска и извршниот директор на СКСЗМ, г-дин Арбен Халили.
Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин Арбен Халили во неговиот збор посебно ја истакна улогата на претприемништвото во нашето општество, тешката работа со кои се соочуваат претпримачите за да го држат на нозе нивниот бизнис во овие услови на пазарна економија и како тие менаџират со сето ова и успеват да бидат денеска тука и да бидат наградени. Тој исто така нагласи дека веќе е дојдено време да се збори за економски патриотизам, бидејќи според него во денешно време да бидеш патриот во ова дива конкуренција е да успееш да отвориш еден бизнис, да креираш нешто, да вработуваш најмалку едно лице итн.
Во категоријата на мали претпријатија првата награда му беше доделена на компанијата Ксенос во сопственост на Васко Дамевски, а втората награда отиде кај компанијата УрбанПлан Конструкшн во сопственост на Сејди Шасивари. Во категоријата на микро претпријатијата првата награда му припадна на Ѓоро Комерц и сопственикот Андреј Петковски, а втората награда отиде во рацете на Ѕвонко Трпковски, односно компанијата Атлантис. Ова година за прв пати се додели и наградата за најиновативен бизнис од аспект на технолошките иновации. Наградата за најиновативен бизнис му припадна на компанијата АЦДЦ-ДЦАЦ Скопје, при што и беше доделен и ваучер од 120.000 денари.
Comments are closed.