Претприемач на годината 2013
Манифестацијата „Претприемач на годината“ се одржа по 7-ми пат. Таа има за цел унапредување на претприемништвото во земјата, преку промоција на најуспешните микро и мали претпријатија во Република Македонија. И покрај светската економска криза која влијае на економскиот раст на земјата, опстојуваат успешни претприемачки примери во Македонија кои постигнуваат забележливи резултати.
„Претприемач на годината“ ги идентификува токму тие претприемачи кои се во постојана потрага по можности и користење на тие можности за создавање профит, преземање ризици и иновации, кои имаат менаџерски вештини и се насочени кон континуиран раст и развој на претпријатието. Повеќе информации за изминатите избори на Претприемач на годината може да проследите во прилог 1 на овој допис.
Главни организатори на манифестацијата за 2013 година се: Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), Сојузот на стопански комори на Македонија и Македонската развојна фондација за претпријатија. Ко-организатор на настанот е Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење.
Институционален покровител и организатор на манифестацијата е Министерството за економија на Република Македонијa.
Горан Јошевски, менаџер на туристичката агенција ЈК Травел jа доби втората награда во категоријата мали претпријатија. Благоја Самакоски, сопственик на Институтот за современи композити и роботика од Прилеп е второнаграден претприемач кај микро претпријатијата.
Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер во износ од 25.000 денари.
Comments are closed.