Претприемач на годината 2012

  “Претприемач на годината 2012” е традиционален настан, кој оваа година славеше  6 години од постоење, и се одржа со на иницијатива на Сојузот на Стопански Комори на Македонија, Македонската Фондација за развој на претприемништвото и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.
     Ова е активност за развој на претприемачи во земјата, преку промоција на најуспешните претприемачи на малите и средни претпријатија во Република Македонија.

     За време на глобалната финансиска криза, криза што резултираше со економско намалување на нашата земја, сепак продолжува да има претприемачи во Македонија кои имаат позитивни резултати.
        “Претприемач на годината 2012” ги идентификува токму овие претприемачи кои се во постојана потрага по можности, нивната употреба и профит, со предизвици и ризици, иновации, менаџмент и вештини кои водат кон раст и развој на претприемништвото.

     Сопственикот на “Poliesterday” Скопје Филип Спасовски, ја освои наградата за претприемач на годината во категоријата мали претпријатија, заедно со Сервет Ќазими,  сопственик на “Sentis АГ” од Тетово.
      Во другата категорија на микро претпријатијата, првата награда ја освои Боро Андоновски, сопственик на “Abiks” – Скопје, а втората награда ја освои Јумни Бакији, сопственик на ЈУ-СМ од Брвеница, Тетово

Comments are closed.