Прес конференција на СКСЗМ: Алармантна ситуација, институциите да рефлектираат врз реалните проблеми на бизнисот и на економијата во целост

21.03.2023, Скопје – На прес-конференцијата организирана од страна на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, со која претседаваше претседателот Менди Ќура, заедно со потпретседателите: г. Нухи Алиу, г.Јетон Асани, г.Шпресим Таири и претседателот на Собранието на Комората г. Назми Ејупи, во нивното обраќање  понудија конкретни решенија за последователните кризи од големи светски размери, од кои нашата држава и економија претрпеа многу.

Меѓу темите на кои им беше дадено значење беше работната сила, каде претседателот Менди Ќура истакна дека приоритет на Владата треба да биде либерализацијата на пазарот на трудот со регионот, отстранувањето на бариерите кои го спречуваат нивниот увоз од други земји, усогласување на квотите за потребите на пазарот, особено за градежниот сектор, секторот за туризам и хотелиерство. СКСЗМ нагласи дека нашата земја останува без работна сила иако во последните 3 години сме имале околу 15.000 дипломирани студенти.

Меѓу другото, СКСЗМ го поддржува но, оценува дека зголемувањето на минималната плата како проблем е тесно поврзано со аспектот на работната сила, под услов на истото да му претходи зголемување на ефикасноста на работната сила.

Во однос на замрзнувањето на цените, СКСЗМ смета дека пазарната економија треба да ги одреди ценит но и доколку се носат слични мерки, е неопходно привремено отстранување на даноците или царинските давачки за да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот или пак да се заштитат производителите на истите.

Исто така, како приоритети на СКСЗМ, кои преку платформата за економски развој им беа презентирани и на политичките партии, отсекогаш биле инфраструктурните проекти, вклучувајќи го Коридорот 8, автопатот Скопје-Блаце, областа Визбегово, итн.

Според глобалниот индекс на конкурентност, нашата земја е на 75 место од вкупно 141 земја по инфраструктура, патната поврзаност според истиот извештај ја рангира Северна Македонија на 91 место, додека според квалитетот на патната инфраструктура на 105 место.