Home / Вести / Последни вести / Презентирање на предлогот за изменување и дополнување на Законот за финансиска подршка на инвестиции

Презентирање на предлогот за изменување и дополнување на Законот за финансиска подршка на инвестиции

Презентирање на предлогот за изменување и дополнување на Законот за финансиска подршка на инвестиции

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Северна Македонија, проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ заедно со четирите клучни партнери: Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, Сојуз на Стопански Комори на Македонија, Стопанска Комора на Македонија и Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии – МАСИТ, организираше фокус група за презентирање на предлогот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции кој е во постапка за донесување.

Целта на оваа фокус група е да се презентираат предложените измени и дополнувања и да се спроведе дискусија за предлог законот со експерт од областа, како и компании на кои им е доделена финансиска подршка и компании кои досега немаат успеано да добијат на повиците за доделување на финансиска поддршка. На ова фокус група присутните претставници на компаниите ќе имаат можност да дискутираат во однос на тоа како да се подобри ефектот на финансиската подршка на реализираните инвестиции, како треба да се уреди со законот за да биде реално подршката насочена кон зајакнување на капацитетите на приватниот сектор и подобрување на економската состојба во државата.