Презентиран проектот за менаџирање во индустријата во Македонија
Проектот е инициран од потребата за подобрување на енергетската ефикасност во производството, како и стратешките определби за зголемување на енергетско штедење во државата.
Со директивата 2012/27ЕУ за енергетска ефикасност, зацртани од Европскиот парламент и Советот на Европа, како и Стандардот MKC ENISO 50001:2011 одобрен од Институтот за стандардизација на Република Македонија, се предвидува трошоците на примарната енергија во 2020 година да бидат 20% помали во споредба со 2007 година, со цел да се забрза и поттикне темпото на штедење на земјите членки на Европска унија и соседните земји.
За таа цел УСАИД Македонија започна со спроведување на Проектот за индустриски менаџмент во Македонија за периодот 2013-2015 година.
Проектот има за цел да им помогне на компаниите од Македонија, преку штедење на трошоците за енергија, како дел од вкупните трошоци за производство, и во долгорочен период да се намали емитување на гасот.