Презентација пред студентите на Универзитетот во Тетово

Студентите на Универзитетот во Тетово денеска имаа можност одблиску да се запознаат со работата на Стопанската Комора на Северо Западна Македонија.
Извршниот директор г. Дрилон Исени пред присутните студенти ја претстави мисијата, визијата и стратешките определби на комората. За време на презентацијата, студентите беа информирани за престижниот проект ТОП 100, кој традиционално се организира секоја година, каде преку каталогот добиваа информации кои се најмоќните Топ компании од економски аспект.
Една од точките на презентацијата беше работната сила како главен столб на бизнисот, следствено пред студентите беше претставена и програмата за практична работа во Комората и можностите за понатамошно напредување.