Презентација на ELEN

СКСЗМ во соработка со консултантската куќа LANSKY, GANZGER + PARTNER организираше тркалезна маса во која компаниите-членки беа запознаени со услугите на новaта членка ELEN ntsh со цел да имаат корист од намалувањето на трошоците за електрична енергија.

ЕLEN е компанија специјализирана за обезбедување на проектантски услуги, инсталирање на електроенергетски системи, соларни фотонапонски системи, системи за складирање на енергија и технички решенија и решенија за енергетска ефикасност.

ЕLEN ги збогатува и ги поедноставува формите и можностите за пренос на електрична енергија, така што може да се користи насекаде и во секое време на најдобар можен начин.