Презентација на Рамковната Програма за Конкурентност и Иновации – ЦИП
Оваа програма е презантирана од страна на Министерството за економија, од претставници на Секторот за европска интеграција, каде што им се презентираа можностите на нашите компании да учествуваат во Програмата за конкурентност и иновации – ЦИП, за 2007 – 2013 на Европската Унија.
Програмата за Конкурентност и иновации (ЦИП) поддржува креативни активности (вклучувајќи еко-иновации), обезбедува отворени можности за финансирање и обезбедува услуги за да им помогне на бизнисите во регионот. ЦИП програмата започна во 2007 година и ќе трае до 2013 година, со вкупен буџет од 3.621 милиони евра.
“Министерството за економија како национален партнер на ЦИП во соработка со сите стопански комори, почнувајќи од денес со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе обезбеди техничка помош, односно, ќе им го објасни начинот на кој компаниите можат да аплицираат за овие средства и како да ги добијат”, рече г-дин Ваљон Сараќини.
Претседателот на Стопанската комора на Северо – западна Македонија, г-дин Мендерес Кучи, истакна дека програмата ЦИП се користи многу малку во Македонија и може да се каже дека ниту една од нашите членки не ја користи: “Овој фонд на ЕУ има за цел да поттикне иновации, што директно подразбира и поголема конкуренција на пазарот. Денес ќе им се објасни на членовите што се овие фондови и како да се применуваат, нешто што недостасуваше досега, заедно со логистиката, за да бидат во можност да аплицираат и да бидат во тренд со другите компании во регионот и светот”, рече Кучи.
ЦИП содржи три потпрограми – претпријатија и иновации, поддршка на политиката за комуникации и компјутерски технологии и интелигентната енергија на Европа.
Оваа презентација предизвика интерес кај претставниците на бизнисот, банките и другите институции кои имаа можност да се запознаат со важноста и структурата на рамковната програмата за конкурентност и иновации, кои можности и предности ги нуди.
Министерството за економија, како национален партнер на ЦИП програмата, го формализираше учеството во првата Потпрограма за претприемништво и иновации со потпишување на Меморандум за разбирање со Европската комисија, како и давајќи одреден финансиски придонес. Ова им овозможува учество на заинтересираните страни за директна примена на отворените повици, кои Европската унија ги објавува на веб страницата (http://ec.europa.eu/cip/), врз основа на одобрената годишна програма.
Оваа средба беше иницирана и се одржа во присуство на министерот за економија г-дин Ваљон Сараќини, претставниците на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, претставниците на бизнисот, владини институции, банки, медиуми и други.
Comments are closed.