Презентација на проектот 3Ес: Едукација, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници

   На 30 Јануари 2013 година (Среда), во Woodrow Willson колеџот во Брвеница – Тетово, од 11:00 до 12:30, се одржа презентацијата на проектот “3ES – Образование, Вработување и Еднаквост на жените на етничките заедници”, финансиран од Европската Унија .
    Присутни беа и градоначалниците на општина Брвеница и Боговиње, кои исто така имаа краток говор за интеграција на жените на пазарот на трудот и поддршката од страна на нивната општина за овој проект.
       “Woodrow Willson колеџот е домаќин на претставниците на проектот, и е конкретен  и идеален пример на една институција каде што целите на овој проект се реализирани и продолжуваат успешно да функсионираат”, рече Фатмир Битиќи, претседател на Стопанската Комора на Северо-Западната Македонија.
        Пораката од директорката на училиштето, г-ѓа Елита Маша, ja потврди оваа изјава со фактот дека околу 80% од вработените во оваа институција се жени.
          “Јас, како жена, ставив целосна доверба и посветеност во вработување на 15 домаќинки со основно образование. Претходно невработените жени, ги имаме обучувани и систематизирани во рамките на институцијата во релевантните сектори. Денес тие се целосно независни, високо мотивирани и посветени “, рече г-ѓа Маша.
          На присутните им се обрати и г-ѓа Елена Грозданова од Министерството за труд и социјална политика, државен советник за еднакви можности.
    На крајот, менаџерот на проектот ги презентираше активностите во рамките на проектит, а потоа за сите учесници имаше организирано коктел.

 

 

                                                                                               
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија                Здружение за локален рурален развој                 Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок  

 

 

 

 Проектот е финансиран од Европската Унија                       



Comments are closed.