Презентација на проектот Топ 100™ пред студентите на УМТ

12.12.2022 Скопје, – Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дрилон Исени пред студентите на УМТ ја презентираше работата на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија презентирајќи им ја својата мисија, визија и стратешки цели, како и нејзиниот најголем проект Топ 100™  кој годинава се организира 12 пати по ред.

Top 100™ е проект кој се претвори во традиција која има за цел да го промовира претприемништвото како клучен инструмент за конкурентност, како и да даде поинаков преглед на она што се случило во текот на изминатата година во деловната заедница.

Во согласност со стратешката определба, СКСЗМ избра оваа година да ја започне промоцијата на проектот Топ 100™ со презентација пред студентите на УМТ, каде истите имаа можност  преку презентација и Каталог Top 100™, да се запознаат со можностите што ги нуди Комората за нивно понатамошно унапредување.