Презентација на проектот “Диаспора инвестира” во Гостивар
Како да се зголемат надворешните инвестиции во Гостивар беше темата на која разговараа првите луѓе во Полошкиот регион за време на традиционалната Ифтар-вечера.
Oпштините на Полошкиот регион преку Центарот за развој на плански регион со партнерите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и проектот на УСАИД за проширување на мали бизниси започна со иницијатива за олеснување и потикнување на овие инвестици со информирање на диаспората и услугите за инвестирање во Полог,инвестици кои што се присутни во голем број во регионот.
Манифестацијата ја отворија градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, гостиварскиот градоначалник, Невзат Бејта и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендес Кучи.
По заедничката презентација на инвестициските можности што постојат во општините што гравитираат во Полог, членовите на Заедницата на бизнис-дијаспората имаа можност да слушнат за неколку успешни примери на бизниси што се финансирани од дијаспората, како и за можноста за воспоставување контакти со бизнисмените што досега успешно инвестирале во Полог.
Дијаспората е еден од најважните извори на финансии во Полошкиот регион, не само преку финансиски пратки туку и преку скорешно зголемениот интерес за инвестиции. Покрај тоа, досега не се преземени мерки што се фокусирани на стимулирање на инвестиции од дијаспората.
Затоа започнавме со иницијатива за овозможување и забрзување на овие инвестиции преку информирање на дијаспората за инвестициските можности во Полог, но и прекуи учење од успешните приказни за инвестиции од дијаспората во регионот.
Настанот е дел од новата иницијатива наречена „Дијаспората инвестира“, која има цел да привлече инвестиции од полошката дијаспора.
Comments are closed.