Презентација на проектот “Диаспора инвест”
Центарот за развој на Полошкиот плански регион Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со општините на Полошкиот регион, подржан од УСАИД за проширувањена малите бизниси и GIZ RED започнаа иницијатива за привлекување наинвестиции од странство, насловена “Диаспора Инвест”.
“Стопанската комора на Северо-Западна Македонија како организација покровител за постојните бизниси во иднина ќе им помогне на потенцијалните инвеститори за олеснувањето и поттикнување на овие инвестиции преку информирањето на дијаспората за можностите за инвестирање во Полог, со цел да се зголеми бројот на случаи со успешна инвестиција од Диаспората во Полог, инвестиции кои се веќе присутни во голем број во регионот”, рече претседателот на СКСЗМ г-дин. Мендерес Кучи.
Целта на овие средби е градоначалниците на Полошкиот регион да ги презентират можностите за инвестирање во нивните општини, но и да ги слушнат искуствата на другите успешни бизниси во регионот.
“Овие средби ќе послужат како можност да се воспостават врски и контакти со потенцијални инвеститори од странство,односно албански печалбари од Диаспора нивниот капитал да го инвестираат во нивните родни општини а зошто да не и во другите општини во Македонија”, рече Фатмир Битиќи.”
Овие ифтари ќе послужат како можност да се воспостават врски и контакти со потенцијални инвеститори. Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во иднина ќе им помага на инвеститорите преку обезбедување на информации за економската состојба, исполнување на потребите за работна сила, подготовка на документација и бизнис план, подобрување на ланец на снабдување и помагање за влез во новите пазари, како локални и меѓународни. Крајно главната цел е да се слушне од дијаспората што ќе им треба на тие за да одлучат да инвестираат во Полошкиот регион. Препораките и заклучоците од дијаспората во иднина ќе служат како основа за подготовка на идните активности на оваа иницијатива.
Comments are closed.