Презентација на Националната Трговска Куќа на Унгарија во Тетово
Целта на ова средба е да се презентираат можностите за соработка помеѓу унгарците и претпримачите од овој регион. Во средбата присуствува министерот за економија г-дин.Беким Незири, Амбасадорот на Унгарија во земјата г-дин. Јозеф Бенче, Претседателот на НТКУ за Западен Балкан со резиденција во Будапест, Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи, како и бизнисмени кои делуваат во Полошкиот регион.
Министерот за Економија г-дин.Беким Незири, после што ги поздрави присутните истакна дека соработката помеѓу Македонија и Унгарија оди кон правилен пат. Досега се потпишани неколку договори за соработка од кои ќе ги издвојам договорот за извоз на волна од овци од Македонија во Унгарија. Исто така, постои голем потенцијал и во други области, како во градежништво, земјоделство итн, на кои ќе треба посебно да се осврнеме во иднина.
Присутен на настанот беше и Амбасадорот на Унгарија во Скопје, неговата екселенција г-дин.Јозеф Бенче, кој меѓу другото додаде: “ Тетово е еден од најдинамичните градови и ние сме длабоко посветени во проширувањето на нашата економска соработка и во западниот дел на Македонија. Нашата канцеларија во Скопје за реализација на економска соработка се отвори пред два месеци, но јас сум длабоко уверен дека многу брзо ќе имаме добри резултати од аспект на трговската размена помеѓу двете земји. Испружената рака за соработка од страна на СКСЗМ е олеснителен фактор за реализација на нашите објективи”.
Од друга страна Претседателот на Стопанска Комора на Северозападна Македонија г-дин.Мендерес Кучи, после што ги поздрави присутните потенцираше: “Чест ми е што со неговото присуство денеска не придружи амбасадорот на Унгарија во Скопје и министерот за економија, укажувајќи го високото ниво на кое се издигнува ова прашање. Како СКСЗМ имаме конкретен концепт на соработка, за да ги подвижиме овие иницијативи на централно ниво, на ниво на соработка помеѓу Стопанските комори. Ние како Стопанска Комора не сме под влијание на државата, а сме тие кои придонесуваме за напредок на процесите и токму бизнисот е тој кој знае што и треба, додека државата треба овие бизнис иницијативи да ги претвори во ефикасни закони и применливи за економијата”. Исто така претседателот Кучи на кратки црти ја презентираше структурата на членството на СКСЗМ и нејзините објективи.
После формалната средба следеше и деловен ручек, каде што бизнисмените од Унгарија и бизнисмените од Полошкиот регион имаа можност oдблиску да се запознаат со различните можности помеѓу двете земји.
Инаку, за првпат се организира ваков настан од страна на Амбасадата на Унгарија во Полошкиот регион во соработка со СКСЗМ.
Comments are closed.