Презентација за надворешните коруптивни практики на САД
19-ти Април 2016 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Амбасадата на САД и Стопанската комора на Македонија, денеска одржаа презентација за надворешните коруптивни практики на САД (FCPS). Целта на оваа средба беше да им се помогне на бизнисите за полесно откривање на можните коруптивни практики и како да се справат со нив. Според FCPS е забрането одредени поединци или правни лица да плаќаат владини претставници, странски или домашни заради стекнување на предност, добивање, задржување на бизнис или други привилегии.
Гостин беше американскиот експерт Мартин Хелмер, специјален агент на ФБИ, кој во моментов е на привремена задача во Канцеларијата на правното аташе во Амбасадата на САД во Букурешт, во знак на поддршка на Меѓународната единица на ФБИ против корупцијата. Нејзината улога е да се подигне свеста на владата и бизнис заедницата за спроведување на законот во врска со FCPS. Инаку, тој е ангажиран во канцеларијата на ФБИ во Феникс (Аризона) каде го надгледува компјутерскиот криминал. Хелмер порано работел во Одделението за борба против тероризмот во седиштето на ФБИ во Вашингтон.
Comments are closed.