Home / Вести / Последни вести / Предизвиците на бизнисот покрај актуелните случувања

Предизвиците на бизнисот покрај актуелните случувања

Предизвиците на бизнисот покрај актуелните случувања

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, заедно со делегација од комората, оствари средба со заменик-премиерот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и други министри и заменици министри од редовите на ДУИ. На овој состанок беа разгледани економските предизвици на бизнисот, тешкотиите со кои тие се соочуваат, усогласувањето на законите со оние на ЕУ, прогресивното оданочување и многу други актуелни теми.

СКСЗМ ја оценува високо работата на државните институции, кои изразуваат волја за подобрување на климата за водење бизнис во земјата.