Првото Business Excellence Show во Македонија
Првото Business Excellence Show во Македонија, каде што партнер во организирањето ќе биде и Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија
Датум и место: 31 мај 2012, хотел Александар Палас, Скопје
Business Excellence Show e еднодневен мултимедијален настан, конципиран да го афирмира принципот на постојано, видливо подобрување на менаџирањето и работењето воопшто, и да го промовира принципот на постигнување на извонредност во работењето.
BES има за цел да овозможи, на едно место да се сретнат претставници од различни компании кои се на патот кон постигнување на Бизнис Извонредност, угледни консултанти, универзитетски професори, специјализирани компании чии што сервиси, знаења и вештини можат да го унапредат Вашето работење и Вашиот професионален развој.
Предвидено е на настанот да присуствуваат над 30 исклучително стручни говорници од земјата и странство. Се очекува присуство од околу 500 посетители, претставници на врвни макдеонски и регионални компании, на консултатски компании и врвни академски професори.
BE е целодневен настан кој ќе се одвива симултано во три хали. Една хала ќе биде изложбен простор на компании, додека во другите две ќе има предавања, форуми и конференции. Во една од трите хали ќе има поставено бизнис исповедалници, каде посетителите ќе може да добијат бесплатни консултантски совети од експерти на одредени теми.
Придобивки за присутните
– Привилегија да чуете 30 извонредни говорници – интернационални, регионални и локални експерти кои ќе зборуваат за практичните примени на моделот на извонредност со цел да помогнат да ги надминете секојдневните предизвици со кои се соочувате во бизнисот и професионалниот развој
– Споделување на знаење и учење на нов и иновативен пристап кон менаџирањето
– Можност за едукација и бесплатни консултации за компании, менаџери и вработени
– Networking – средба со приближно 500 претставници од еминетни компании, професионалци, експерти, консултанти, академски професори
Придобивки за изложувачите
– Промоција на Вашата компанија пред повеќе од 500 генерални менаџери од Македонија и регионалните компании
– Искористување на можноста за продажба
– Силна медиумска промоција со ATL кампања пред и по настанот
– Можност за дополнителна едукација и консултации за компании, менаџери и вработени
– Networking – еминетни компании, професионалци, експерти, консултанти, собрани на едно место да го споделат своето знаење и да научат нов иновативен пристап
– Преку вклучување на овој настан, праќате јасна порака до јавноста дека сте активен член во економскиот развој во Македонија и дека се обврзувате да го поддржите развојот на конкуретност на компаниите, кој е од витално значење за развојот на економијата во државата
Цената за присуство на овој настан е 6.500 денари, но за членовите на СКСЗМ се намалени за 30%.
Секој учесник добива сертификат за учеството.
За оние кои ќе се пријават до 10 Мај, 2012, ќе добијат попуст од 20%.
За повеќе информации контактирајте не на: fatima.vela@oemvp.org или на телефон: 02/3239-252
Comments are closed.