Првата бизнис конференција – Business Excellence Show

 

    Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, како партнер во организирањето, на 31 Мај 2012 во Александар Палас – Скопје, присуствуваше на свеченото отворање на првата Конференција за бизнис, Business Excellence Show.
   Вицепремиерот за економски прашања г-дин Владимир Пешевски, ја отвори конференцијата, чија цел е да се промовира принципот на постојано подобрување на управувањето и трудот во општо, како и промовирање на принципот на постигнување на квалитет во работата.
   Во овој мултимедијален еднодневен настан беа вклучени предавања, панел дискусии, видео проекции и директни повици од 30 врвни експерти од 15 различни земји. На посебната панел сесија, говори одржаа амбасадорите на неколку земји.
    Овој настан им овозможи на учесниците, на едно место да се сретнат со претставници од различни компании, угледни консултанти, универзитетски професори, специјализирани компании чии што сервиси, знаења и вештини можат да го унапредат работењето и професионалниот развој на бизнисот.
 
 
 

Comments are closed.