„Поттикнување за зелени бизниси: СКСЗМ и ХАЛКБАНК АД Скопје ја продлабочуваат соработката со потпишување Меморандум за соработка“

03.04.2024 година, Скопје – Во склоп на активностите на СКСЗМ за олеснување на пристапот на своите членки до финансии и трансформација на нивните бизниси кон енергетска ефикасност, извршниот директор на СКСЗМ г-дин. Дурим Зекири и извршниот директор на Халкбанк, г-дин. Билал Суџубаши потпишаа Меморандум за соработка, нудејќи им на членките директен пристап до услугите што ги нуди Халкбанк.

Преку оваа соработка, членките на СКСЗМ ќе имаат пристап до кредити со поволни каматни стапки, помагајќи им во развојот и имплементацијата на иновативни проекти, додека СКСЗМ и Халкбанк ќе им помагаат на микро, малите и средните претпријатија, обезбедувајќи поддршка во процесот на аплицирање за финансирање.

Ова партнерство има за цел да создаде поповолна средина за инвестиции во трансформирање на бизнисите кон зелени практики и подобрување на енергетската ефикасност.

Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансирана од УСАИД и имплементирана од Консалтинг за Стратешки Развој.