Потпишување на меморандум за соработка со РУМЕЛИСИАД од Бурса
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Општина Чаир, по повод посетата на делегацијата на РУМЕЛИСИАД од Бурса, организираа работна средба „Можностите за инвестирање во Скопје“ во просториите на Општина Чаир.
На средбата беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и РУМЕЛИСИАД од Бурса.
Поздравен збор имаше градоначалникот на Општина Чаир г. Изет Меџити, министерот за Економија г. Валон Сараќини и директорот на Агенцијата за странски инвестиции г. Висар Фида и претставникот на РУМЕЛИСИАД.
На крај, беше потпишан и Меморандумот за соработка со цел да се развие соработката во полето на економијата меѓу Македонија и Турција и за зголемување на волуменот на трговија меѓу двете држави, како и соработка меѓу двете институции за заеднички развој на проекти од Еропската Унија.
Comments are closed.