После Боговиње, обуките продолжуваат во Струга
Почна обуката на втората група на жени и девојки од руралните подрачја и градот Струга. По успешното завршување на обуката на првата група минатата недела, оваа недела се идентификувани и започнаа обука 25 жени и девојки од руралните средини од Струга.
Во општина Боговина беа обучени 20 жени, и заинтересираните групи за иницирање на бизниси имаа помош при развој на соодветни бизнис план.
Овој заеднички проект меѓу Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, Здружението за локален рурален развој и Агенцијата за регионален развој Сенец – Пезинок од Словачка, има за цел да го зголеми нивото на образование кај жените и девојките, особено оние во руралните средини и зголемување на нивните можности за пристап до информации и да се генерираат приходи со овозможување полесна интеграција на пазарот на трудот.
Обуката се одвива во салата на Советот на општина Струга, и ќе трае до 14 Јуни 2013 (Петок), а потоа ќе продолжи во Скопскиот регион, односно во општина Сарај.
Обуките се фокусирани кон подобрување на економскиот статус на жените и семејството, преку обезбедување на можности и информации за вработување и стручна обука, како и раст на претприемачките вештини на жени и млади девојки кои само што почнале со бизнис и креирање на овие вештини за оние што размислуват на таков чекор.
Обука во општина Боговиње
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија | Здружение за локален рурален развој | Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок |
Проектот е финансиран од Европската Унија
This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.
Comments are closed.