Посета на бизнис делегација од Јордан

  Претставници на Jordan Europe Business Association (JEBA), Стопанската Комора на Јордан и Индустриската Комора на Амман, како и претставници на 12 трговски друштва, членки на асоцијацијата ќе видат во посета на Македонија од 12 до 14 Септември 2013. 

  Јорданската бизнис-делегација ја сочинуваат реномирани компании од следните дејности: градежништво, увоз и дистрибуција на храна, кондиторска индустрија, транспорт и логистика, ИТ-индустрија, банкарски сектор, електроиндустрија, трговија на стоки за широка потрошувачка и друго.

  По повод средбата, се потпиша и меморандум за соработка меѓу Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија со Јорданската Европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан, со која ќе биде иницирано и формирање на Македонско-јордански бизнис совет.

 

 

Comments are closed.