Повик за институционално брендирање на Стопанска комора на Северо –Западна Македонија
Стопанска комора на Северо –Западна Македонија, објавува јавен повик за брендирање и ре – дизајн на логото на Комората.
СКСЗМ има за цел да стане водечка организација која ги застапува интересите на бизнисите како и создавање поволна средина за развој преку организација, промоција и заштита на бизнисите.
СКСЗМ во наредниот период има намера да го зајакне и освежи својот бренд за да ја подобри комуникацијата и општо познавање за поддршка на мисијата и да се консолидира позицијата на Комората во повисоко ниво со цел претставување на интересите на нејзините членки во и надвор од земјата) преку создавање на нова платформа која ќе ги одразува вредностите на СКСЗМ, институционалното наследство и која во иднина ќе ги задоволува потребите на Комората.
Заинтересираните треба да се способни да го демонстрираат искуство и компетентноста на:
- Развивање на брендот;
- Експертиза за стратешко брендирање;
- Визуелен идентитет / Лого дизајн;
- Графички дизајн;
- Почитување на рокови
Сите заинтересирани накратко опишете како вие (и вашиот тим) ќе го реализирате концептот за институционално брендирање и пратете предлог заедно со мотивационо писмо до СКСЗМ на адреса: ул.Димитрие Чуповски бр.13, 1000 Скопје, со назнака “Повик за институционално брендирање” или на е-маил: info@oemvp.org .
За повеќе информации за Стопанска Комора на Северо Западна Македонија посетете ја нашата веб страна: www.oemvp.org.
Сите заинтересирани страни може да закажат консултативен состанок со раководството на СКСЗМ. За закажување на состанок контактирајте не на 076/397-504.



