Платформата на СКСЗМ се потпиша од Алијансата за Позитивна Македонија
На 23 април 2014 година, Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија ја посети делегација на Алијансата за Позитивни Македонија предводена од претседателот Љупчо Зиков и кандидатите за пратеници Александра Србиновска Дочиевска и Ангелчо Ангеловски.
Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна г-дин.Мендерес Кучи како домаќин на делегацијата нагласи дека ние албанците не се гледаме себеси како 20% во нашата држава, бидејќи ние даваме 100% труд и обврските на државата и бараме 100% поддршка од државата.
Љупчо Зиков претседател на Алијансата за Позитивни Македонија пред раководните структури на СКСЗМ ја презентираше економската програма на партијата.
Во кое меѓу другото истакна дека и самиот доаѓа од економскиот сектор и знае како размислуват луѓето од бизнис секторот.
Програмата на Алијансата за Позитивни Македонија во многу точки беше во согласност со повеќето од барањата СКСЗМ ставени во Платформата за Економски Развој на Северо-Западна 2014-2018,и истата беше потпишана од двајцата претседатели.
Comments are closed.