Платформата за јавно-приватен дијалог, СКСЗМ гласна во нејзините ставови

Во рамките на Платформата за Јавно-Приватен Дијалог, на редовниот состанок во Влада, СКСЗМ ги посочи своите позиции за одредени тековни прашања што се однесуваат на бизнисот и на економијата воопшто.

Претставниците на СКСЗМ беа погласни во дискусијата за Еколошката такса, нагласувајќи дека тоа претставува дополнителен товар за деловните субјекти и граѓаните и дека тоа може да предизвика дополнителна штета на економијата во целост.

СКСЗМ реагираше и на не донесувањето на протоколи за дозволување на работа на угостителските објекти во затворени простории.

СКСЗМ ја користи секоја можност да ги заштити интересите на членството и бизнисот воопшто, докажувајќи дека нејзината активност е посветена на развојот и економскиот раст на земјата.