Платформата за локален економски развој презантирана и пред Движењето Беса

27.09.2021, вторник, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија беше посетена и од Движењето Беса на чело со претседателот г.Билал Касами но и од министерот за земјоделство г.Арјанит Хоџа кои беа придружени од кандидати за градоначалници од партијата.

Тема на разговор беа економски важни прашања со посебен фокус земјоделството како недоволно искористен сегмент на економијата имајќи предвид потенциалот со кој нашата земја располага.

Председателот на СКСЗМ, г.Неби Хоџа се изрази дека има многу неискористени површини кои што порано тие простории беа центри за земјоделство не само во нашата земја туку и по широко. Фокусот во следните четири години треба да биде локалниот економски развој вклучувајќи ги земјоделството и туризмот.

Во меѓувреме г.Касами зборуваше за нивната платформа за овие избори изразувајќи подготвеност за соработка со СКСЗМ со цел елиминирање на пречките кои предизвикуваат економски застој.