Партнерство за подобра бизнис регулатива
Времетраење на проектот: Октомври 2016 – Септември 2020 |
Главен имплементациски партнер:ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал
Имплементациски партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ; Стопанска комора на Северозападна Македонија; Дополнителен партнер/и (TBD) |
Цели на проектот
• Цел 1: Микро и малите бизниси од Македонија да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања • Цел 2. Бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог за подобрување на регулативата |
Краткорочно влијание
• Подобрени капацитети на внатрешните и надворешните правни и финансиски советници • Подобрување на размената и пристапот до информации Долгорочно влијание • Зголемена финансиска и правна усогласеност на МСПа-та со регулативата • Севкупно економско влијание |
Главни бизнис сектори:Земјоделие, Текстил, Градежништво, ИТ, туризам |
Корисници
· Старт-ап компании · Постоечки компании, идентификувани и селектирани од имплементациските партнери; · 70% од вкупниот број на корисниците вклучени во проектот ќе бидат лоцирани надвор од Скопје, а останатите од Скопје; минимум 30% жени претприемачи |
Активности на проектот
A1: Ваучерска шема, Инфо сесии, Тренинзи за внатрешни и надворешни советници A2: Креирање на агрегатен портал со информации за бизнис регулативата A3: Организација на форуми за зголемување на свесноста и усогласеноста со правните и финансиски регулативи A4: Креирање на “Листи за самоконтрола” и водичи и брошури за усогласеност со законска регулатива A5: Подобрување на вештините и способностите на вработените во Коморите со цел поддршка на компаниите за усогласеност со регулативите A6: Воспоставување соработка и користење на добри практики во коморско работење од ЕУ A7: Промовирање на одржлива и независна платформа за пренесување на потребите на бизнис заедницата кон креаторите на политики A8: Развивање на капацитети за застапување и лобирање на имплементациските партнери. A9: Развој на Позициски документи идентификувани преку таргетираните секторски групи A10: Промоција на ЕНЕР |
Comments are closed.