Панел дискусија на тема:”Европската и македонската рецесија- искуства, предизвици и контроверзи“

  Стопанската комора на северо-западна Македонија во соработка со Европската бизнис асоцијација и Советот за глобална соработка организираа панел дискусија на тема ,,Европската и македонската рецесија- искуства, предизвици и контроверзи“  на 8 октомври 2012 година од 11 до 13 часот, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје

  На темата дискутираа следниве панелисти: г. Александер Тиеман, претставник на Меѓународниот монетарен фонд; г. Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северо-западна Македонија; г-ѓа Александра Наќева Ружин, претседател на Европската бизнис асоцијација и проф. Никица Мојсовска Блажевски, декан на Факултетот за бизнис администрација при Универзитетот Американ колеџ Скопје.


 

 

Comments are closed.