О Г Л А С за ангажман на правно лице
Проектот финансиран од УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, кој се имплементира од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска Комора на Македонија, Стопанска Комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори на Македонија, има потреба од ангажман на правно лице за изработка на програма за спроведување на две дводневни обуки и спроведување на обуките наменети за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.
Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за подигање на тендерска докумнетација со назначување на називот на правното лице, седиштето на правното лице , ЕМБС на правното лице и лице овластено за застапување . Барањето да се достави преку електронска пошта најдоцна до 26.12.2017 година 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса: asutoglu@epicentar.mk
За повеќе информации кликнете тука