О Г Л А С за ангажман на маркетинг агенција
О Г Л А С за ангажман на маркетинг агенција
Оглас за ангажирање маркетинг агенција
Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се имплементира од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на стопански комори на Македонија, има потреба од ангажман на маркетинг агенција за изработка и спроведување на маркетинг план за промоција на агрегатен веб портал.
Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Договорот со избраниот понудувач ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.
Предмет на договорот за набавка е изработка на маркетинг план за промоција на агрегатен веб портал.
Временскиот период за извршување на ангажманот е од април 2018 година до септември 2018 година.
Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за подигање на тендерска документација со назначување на називот на правното лице, седиштето на правното лице, ЕМБС на правното лице и лице овластено за застапување . Барањето да се достави преку електронска пошта најдоцна до 30.03.2018 година 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса: asutoglu@epicentar.mk. На сите заинтересирани кандидати кои ќе го достават барањето за подигање на тендерска документација, ќе им биде доставена тендерската документација заедно со техничките спецификации. Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса.
Критериуми за утврдување на способност на кандидати:
1. Лична состојба
2. Техничка или професионална способност
Критериуми за избор на најповолна понуда:
1. Техничката или професионалната способност
2. Предлог маркетинг план за изработка и спроведување на креативно решение и продукција на три кампањи:
- Кампања за запознавање (креирање свесност)
- Кампања за начин на користење на веб порталот (функционалност)
- Кампања за креирање на бренд имиџ на веб порталот