Отворен дијалог со Владата на РМ
Пред повеќе од 250 бизнисмени премиерот Никола Груевски направи преглед на спроведените реформи и проекти во изминативе години и најави нови мерки во насока на подобрување на бизнис климата.
Една од мерките е исплата на целокупниот долг кон стопанството до февруари 2013 година. Премиерот изјави дека во идниот период проблем со исплата на обврските кон компаниите нема да има и тие ќе бидат сервисирани без застој. Средствата за реализација се обезбедени со гаранција од Светската банка.
“Не знам од кај ќе ги најдат парите кога во исто време има и зголемување на пензиите, но штом премиерот ветил, тогаш веруваме дека тоа ќе биде така“, изјави Мендерес Кучи, претседател на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.
Македонската економија се соочува со многу предизвици и покрај преземените чекори. Сепак, Владата ќе го реализира најавеното покачување на пензиите и социјалните трансфери, почнувајќи од март следната година, нема да има отпуштања од администрацијата и намалување на платите.
Comments are closed.