Отварање на првиот рурален бизнис инкубатор во општина Боговиње
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Здружението за локален рурален развој и Агенцијата за регионален развој Сенек – Пезинок од Словачка, се одговорни за спроведување на проектот “Образование, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”, финансиран од страна на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007 – 2013, инструмент за претпристапна помош (ИПА).
Имплементацијата на проектот започна во Ноември минатата година и ќе трае до Февруари 2014 година. Проектот се имплементира во четири региони, и тоа во: Скопскиот регион (Сарај, Чаир и Арачиново), Полошкиот регион (Боговиње и Брвеница), Струга и Кичево заедно со селата. Целната група се жени на етничката Албанска, Турска и Босанска заедница на возраст од 20 до 45 години, со низок степен на образование.
До сега се реализирани неколку активности, и тука можеме да го спомнеме успешното завршување на четири обуки за женитe од етничките заедници со околу 85 обучени учеснички, кои се избрани во соработка со претходно формираните работни групи во секоја општина. Обуките започнаа во Јуни месец во општина Боговиње а потоа продолжија во Скопје и Струга, а во Јули завршија обуките во Кичево. Во текот на месец Cептември, исто така, е остварена уште една професионална обука за професионалците и волонтерите за работа во инкубатор.
На отворањето на бизнис инкубаторот исто така беше присутен и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, г-дин Аиво Орав, претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија г-дин. Мендерес Кучи, градоначалниците на општина Брвеница и Боговиње, претставници на други државни институции, директори на училиштата од Полошкиот регион, работните групи формирани во рамките на проектот во секоја општина како и претставници на медиумите.
Градоначалникот на општина Боговиње г-дин Хазби Идризи и градоначалникот на општина Брвеница г-дин. Енвер Пајазити, во своите говори изразија подготвеност да соработуваат обезбедувајќи ги сите нивни капацитети и максимална поддршка во сите идни активности, наведувајќи дека тие постојано работат кон обезбедување механизми за еднакви можности меѓу жените и мажите и дека работат интензивно за да се постигне оваа цел.
Претседателот на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, изрази посебна благодарност до Делегацијата на Европската Унија за финансирањето на инкубаторот, кој ќе служи како поддршка за сите претпријатија водени од жените. Тој рече дека ова е посебен случај каде што практично се покажа како работи нашето општество денес и во иднина.
“Ова прашање е многу пати поставено од различни институции, без разлика дали од образовен или социјален карактер, и секогаш е утврдено дека женскиот род треба да биде повеќе активен, но ретко ова е реализирано. СКСЗМ благодарејќи им на меѓународните институции, а особено на ЕУ, која исто така изрази подготвеност финансиски да му помогне овој проект, бидејќи претприемачкиот дух е не само за мажите, туку исто така и за категоријата на жени кои често се чувствуваа како втора категорија, или како оние кои надвор од куќата не знаат да направаат ништо друго. Видовме дека нивното претприемачко чувство и нивната интелигенција можат да направат многу за ова општество и ова е причината што овој инкубатор во иднина ќе се трансформира во нешто поголемо и се докажа дека жените во некои случаи се поспособни од мажите”, рече претседателот на СКСЗМ.
“Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, отсекогаш била посветена за поддршка на претприемништвото и иновациите со цел во нашата земја да имаме што повеќе успешни бизниси предводени од жени, кои се стабилни и може да преживеат во локалниот пазар. Со овој бизнис инкубатор, кој е прв инкубатор во руралниот регион, имаме за цел да го поддржиме отворањето и развојот на нови бизниси, обезбедување на административна и советодавна поддршка како олеснување за да се помогне на нивниот опстанок во првите години од формирањето. Во овој бизнис инкубатор, сите вклучени жени ќе имаат на располагање канцелариски простор и услуги за поддршка, како што се: обука во градење на капацитети, помош во финансиското планирање и сметководство, изработка на бизнис план и менаџмент, маркетинг и друго за одреден период. Главната цел на овој бизнис инкубатор е намалување на можноста за сузбивање на start-up бизниси, како и намалување на времето и трошоците за нивното формирање, преку логистичката помош која што ние ке им ја пружиме. Затоа ги покануваме сите жени кои имаат храброст и веруваат во своите проекти или идеи да се обратат во инкубаторот” – рече проект менаџерот.
За повеќе информации, посетете ја www.oemvp.org.
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија | Здружение за локален рурален развој | Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок |
Проектот е финансиран од Европската Унија
This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.