Отварање на првиот рурален бизнис инкубатор
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Здружението за локален рурален развој и Агенцијата за регионален развој Сенек – Пезинок од Словачка, Ве поканува на отварање на Првиот Рурален Бизнис Инкубатор за поддршка на жени претприемачи, како резултат на проектот: “Подобрување на потенцијали за вработување на жените од етничките заедници на пазарот на трудот” (Improvement of Employment Potentials of Women from Minority Ethnic Communities in the Labor Market), поддржан од Европска Унија.
Настанот ќе се одржи на 02 Октомври 2013 година (Cреда), во Општина Боговине во Тетово, со почеток во 11:00 часот. Во проектот се вклучени Полошкиот регион, Скопје, Кичево и Струга, а неговата примена започна од 05 Ноември 2012, со времетраење од 15 месеци, до 05 Февруари, 2014 година.
Ве молиме да ни потврдите ваше присуство на e-mail: fatima.vela@oemvp.org или на rudina@zlrr.org.mk,
За повеќе информации ве молиме посетете ја нашата веб страна www.oemvp.org или контактирајте не на info@oemvp.org .
Comments are closed.