Основан Aлбанскиот центар за стратешки студии
Во хотелот “Therranda” во Призрен, каде што се изложени слики и книги на албански автори, во петокот се сретнаа многу економски експерти, претставници на бизнисот, институции и универзитети, кои учествуваа во спроведувањето на идејата за формирање на Албанскиот центар за стратешки студии.
На состанокот беа избрани членовите на Одборот на Албанскиот центар за стратешки студии, Мухамед Мустафа како претседател и Азис Положани, потпретседател. Членови на одборот се именуваат: Јустина Широка-Пула, Скендер Елезага, претседателот на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија Мендерес Кучи, Али Хамид, Максим Цасли, Иљир Гедеши, Едвин Љибохова и Гери Сељеница, како извршен директор на центарот.
Comments are closed.