Одржан бизнис форум со компании од Северна Македонија и Грција

Денес во Скопје се одржа историски бизнис форум, каде беа присутни владините претставници на двете држави, г.Заев и г.Ципрас, со над 400 компании и бизнисмени од Северна Македонија и Грција. Делегација од СКСЗМ и нејзините компании членки беа присутни на овој форум. Компаниите ја имаа можноста да одржат Б2Б средби со компании од Грција, кои ќе придонесат во создавање на нови соработки помеѓу компаниите на двете земји, кој е многу важен чекор за почетокот на нова ера во подобрувањето на односите меѓу двете земји.

Во рамките на овој форум беше потпишан и меморандум за соработка меѓу Северна Македонија и Грција.