Одржана е средбата со Амбасадата на Народна Република Кина, СКСЗМ дополнително ги унапредува своите услуги за членство.
Извршниот директор и членот на Управниот одбор ги пречека претставниците од Амбасадата на Народна Република Кина на средба..
Целта на средбата беше да се изразат интересите на двете страни за натамошно продлабочување на партнерството за поддршка на бизнисот и економијата воопшто.
На оваа средба беа откриени можностите кои Амбасадата ги нуди за унапредување на услугите на СКСЗМ, како учество на различни економски и деловни саеми, но и отворање можности за соработка меѓу нашето членство и инвеститорите кои доаѓаат од Народна Република Кина, со што се отвораат нови можности за партнерство и развој за нашите членки.Меѓу другото, тема на разговор беше енергетиката како многу значаен сектор за нашата земја, но и автомобилската индустрија, сегментот на електрични возила, каде се зборуваше за можностите и потенцијалот кој го нуди нашата земја во оваа насока.
Улогата на Комората е да придонесе за подобрување на просторот на делување за бизнис, преку отворање на вратите за соработка со сите релевантни институции во државата.